Палестинците го слават иранскиот напад – „Прв пат ракети паѓаат врз окупирана Палестина“

Нападот на Иран врз Израел предизвика овации од голем број Палестинци во Газа денес како ретка одмазда за израелската офанзива врз нивната енклава, иако некои рекоа дека се сомневаат дека Техеран нападнал само за да изгледа опасно, наместо да предизвика вистинска штета.

„За прв пат видовме ракети кои не паднаа на нашите територии, туку на окупирана Палестина“, рече Абу Абдала (32), мислејќи на територијата што стана Израел во 1948 година, а не окупираниот Западен Брег и Газа. Многумина во Газа чувствуваат дека се изневерени од нивните блискоисточни соседи откако Израел започна офанзива во која загинаа повеќе од 33.000 луѓе како одговор на нападите на Хамас врз јужен Израел.

Related post