СИТЕ СЕ МАЈТАПАТ СО НОВОТО ИМЕ НА ФЕЈСБУК „Мета е затоа што метастазираше“(ФОТО)
Не е лесно да си го смениш името, а во случајот на Закерберг, луѓето веќе почнаа да се мајтапат. Со твит излезе и самиот сопственик на Твитер- неговиот ривал.
Не стивнуваат реакциите за новото сменето име на Фејсбук, т.н. Мета. Мета, според Закерберг, е поради метаверзумот кој сака да го воспостави компанијата, виртуелна реалност која ќе биде новиот интернет. Но, луѓето не забораваат дека Фејсбук е под тешки обвиненија за злоупотреба на неговата платформа и почнаа да се мајтапат дека сето ова Закерберг го прави за да ја тргне „мувата од капата“, пишува 24сата.
„Се вика Мета затоа што метастазираше и нѐ убива“, напиша еден корисник на Твитер.
„Фета е чудно име“, напиша друг корисник, а потоа се огласи и самиот сопственик на мрежата.