Снег го забели дебарскиот регион, снег врне и на Стража

Иако е втора половина од април, пролет, дебарскиот регион се забели од снегот што врне. Снег врне и на превалецот Стража, како и на повеќе други повисоки места.

Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

„Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем“, вели Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални

Во поширокиот дебарски регион паѓа снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри. Снег има на Стража.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози. Во западниот дел од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.

Related post