Швеѓанец возел Тесла и заспал, му требале 40 км за да се разбуди

На шведската полиција и биле потребни цели 40 километри за да го разбуди возачот кој заспал зад воланот на Тесла. Неименуваниот возач на Модел X бил забележан од друг возач на Тесла, кој се посомневал дека видел автомобил Тесла како забрзано вози на левата сообраќајна лента, без вклучен трепкач, престигнувајчи друго возило.

Кога го стигнал, видел дека возачот е онесвестен зад воланот. Тој повикал полиција, а патролата пристигнала за рекордно време. Меѓутоа, полицајците не знаеле како да го разбудат возачот. Тие не можеле да го турнат или управуваат автомобилот, но на крајот возачот сам се разбудил. Толку се исплашил што наеднаш го трзнал воланот и за малку ќе удрил во полициското возило, пренесува Вигибаларе.

За среќа, не дошло до несреќа, а возачот на Тесла подоцна објаснил дека го обземал замор: „Крајно ми е срам, тоа беше поради исцрпеност“, изјави тој на полицијата за време на сослушувањето. „Имав Тесла со автопилот што го направи возењето многу удобно“.

Мажот беше обвинет и осуден за несовесно возење. Тој рече дека не спиел претходната ноќ и дека бил под стрес бидејќи морал да го врати автомобилот на работа.

За потсетување, користењето на Автопилот бара трезен возач кој мора да го следи сообраќајот и да ги држи рацете на воланот. Секое користење на тегови е строго забрането.

Related post