#NEVIPE #Roma ki MK

Запален „ренџ роверот“ на Фатима Османовска претседателка на Унија на Ромите

Ноќеска непознат напаѓач го потпалил со бензин џипот на Фатима Османовска претседателка на Унија на Ромите, инаку сопруга на Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“ соопшти МВР.