Неверојатни цени: Погледнете колку чини маслото за јадење во продавниците денеска

Откако Владата вчера не ги продолжи мерките за заштита на стандардот на граѓаните и ги врати маржите и даноците на основните прехранбени производи цените од денеска во маркетите ги рушат сите рекорди.

Маслото за јадење кое вчера беше 135 денари денеска се продава за неверојатни 169 денари или 2,75 евра.Читатели, пишуваат дека од утрово значително е и поскапен и лебот.

Во зависност од тоа каков леб купувате, цените се скокнати меѓу 6 и 9 денари.

Од полноќ поскапени се и горивата. Новите рекордни цени на бензините веќе се изразуваат во 3 цифри.

Related post