Ако до 15 мај не им се исполнат барањата, синдикалците од ФЗО ќе почнат секојдневно да штрајкуваат
Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржаа предупредувачки протест против Управниот одбор на оваа установа, со барање за усогласување на нивните плати согласно Законот за минималната плата.
Претседателот на Синдикатот на вработените во ФЗОМ, Бранко Аџигогов најави дека доколку до 15 мај не се реши нивното прашање ќе следат секојдневни предупредувачки протести во секој град, но не ја исклучи и можноста од први јуни да се влезе во генерален штрајк.
Да не дозволиме да се затворат вратите во Фондот – ако тоа се случи најмногу ќе трпат граѓаните, рече претседателот на УПОЗ,Трпе Деаноски.
Пред неколку месеци, вработените во ФЗОМ ги затворија вратите во знак на револт, денеска повторија дека не сакаат да го направат истото но ако се на тоа приморани ќе стапат и во штрајк.