Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Ален и Ружди Рустемовски забележаа победи на „Златниот гонг“ (ВИДЕО)
Ален и Ружди Рустемовски забележаа победи во чевртфиналните борби на 53-то издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.
Ардијан аземи не се појави на рингот.
Утре се полуфиналните борби со почеток во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“, од нашите боксери на рингот ќе се појават Ален Рустемовски и Алим Насуфи.
Денес имаше интересни борби, а секако најголемо внимание привлече мечот меѓу Ален Рустемовски и атрактивниот боксер од Косово Башким Бајоку. И Ружди Рустемовски не заостана во пресметката со Лорент Мурати.
Наум Стојаноски, Лиси Коџаџику и Лука Трифуновиќ настапија во воведниот дел на Златен гонг, односно борби кои не се во официјалната програма на тунирот, а се во договор на тренерите од Македонија и Бугарија за стекнување на иксуство.
На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.
Некои од најавените репрезентации не допатуваа во Скопје.
Резултати 1/4 финале Златен гонг:
Жени
57 кг Сандра Драбик (Полска) – Ребека Добос (Унгарија) 5-0
Мажи
57 кг Шудаи Харада (Јапонија) – Луар Алиу (Косово) 3-2
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Ален Рустемовски (Македонија) 0-5
60 кг Лорент Мурати (Косово) – Ружди Рустемовски (Македонија) 0-5
67 кг Кирил Глобенко (Полска) – Лорис Идризи (Косово) 5-0
71 кг Емануел Аниќ (Хравтска) – Севонретс Оказава (Јапонија) 0-5
75 кг Вилијам Чолов (Бугарија) – Бленд Зенели (Косово) 5-0 ТКО Р1
+92 кг Јордан Хернандез (Бугарија) – Петар Белберов (Бугарија) 1-4
+92 кг Шпетим Шабани (Косово) – Ардијан Аземи (Македонија) победа без борба
Борби 5 мај:
54 кг Наталија Кучевка (Полска) – Роксана Хамза (Романија)
57 кг Сандра Драбик (Полска) – Карина Ибраимова (Казахстан)
66 кг Анета Ригиелска (Полска) – Есмералда Новрузај (Албанија)
57 кг Шудаи Харада (Јапонија) – Ален Рустемовски (Македонија)
57 кг Луар Алиу (Косово) – Башким Бајоку (Косово)
60 кг Аксел Хегарти (Велс) – Лорент Мурати (Косово)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Маријан Онута (Романија)
67 кг Панагијотис Костурос (Грција) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекес (Унгарија) – Космин Неагу (Романија)
71 кг Јемин Алмуца (Албанија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
+92 Јордан Хернандез (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Ардијан Аземи (Македонија)