Ахмети: Касами да го фрли белиот пешкир во рингот, на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње истакна дека претходно го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за како што истакна да не добие класичен нокаут.
Според него лидерите од здружените албански партии кои настапуваат под името „ВРЕДИ“ се 20 години на власт и според него тие не се во опозиција.