Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година
Според лидерот на ДУИ, нема потреба од огорченост затоа што скандирал „УЧК“, бидејќи УЧК е албанска гордост и УЧК ја спасила Македонија.
Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде дел од Владата, порачува лидерот на ДУИ од партиските митинзи, одговарајќи со тоа на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека е време ДУИ да биде заменета со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани.
ОткакоХристијан Мицковски ја посочи опозициската коалиција „Вреди“ како потенцијален партнер на ВМРО-ДПМНЕ во идната влада, ДУИ потсети на грешката од 2006 година кога во владата влегла второрангираната, а не победничката партија кај Албанците.
„Опозицијата да не ги прави грешките што ги направи мојот поранешен колега во 2006 година – тогашната партија ја направи таа грешка и плати висока цена“, порача Ахмети од Дебар.
Во 2006 годинаа ВМРО-ДПМНЕ состави влада со ДПА, партија која тогаш освои помалку мандати од ДУИ.
„Ние Албанците не сме претставници на малцинство, ние сме легитимни претставници на огромното мнозинство Албанци, а сега во Фронтот се и ромската, турската и босанската заедница. Одлучува народот’, рече Ахмети во Дебар и најави голема победа на Европскиот фронт на 8-ми мај.