Банките забрануваат употреба на апликацијата Zoom
„Standard Chartered” стана првата банка во светот што ја забрани употребата на апликацијата „Zoom“, бидејќи новиот принцип на работа од дома предизвикува загриженост за компјутерска сајбер безбедност.
Во известувањето од извршниот директор Бил Винтерс, за работната сила на банката, тој исто така, предупреди да не се користи „Google Hangouts” за виртуелни собири.
Основана од поранешен вработен во компанијата „Cisco”, Ерик Јуан, „Zoom“ бележи огромен раст на корисниците од појавата на пандемијата предизвикана од коронавирусот, зголемувајќи ја својата база на клиенти на 200 милиони, од само десет милиони колку што имаше претходната година.
Меѓутоа, безбедносните пропусти во апликацијата доведоа до нагло „зумбирање“, бидејќи хакерите што ги хакираа состаноците вметнуваа разголени вулгарни слики, лажни слики во презентациите на компаниите, а најдалеку одеа и со расно навредување на дел од учесниците на виртуелните собири и состаноци.
Пристапот на „Standard Chartered” допрва ќе го копираат и другите големи банкарски гиганти. Претходно овој месец, руската банка „Сбербанк” активно се здружи со „Google“ за да започне серија семинари на деловни активности на Интернет во „Hangout“, давајќи совети на компаниите што ја вршат својата дејност од далечина за време на затегнување на движењето и собирите во услови на пандемијата од коронавирусот.
Во септември минатата година, „HSBC” потпиша глобален договор за лиценца за користење на „Zoom” апликацијата за видео конференции, аудио конференции и споделување на екранот во мобилни, работни и конференциски простории, како и за состаноци во затворен и надворешен простор. Но, тој договор најверојатно ќе биде раскинат со оглед на големите безбедносните пропусти на апликацијата.
Source: bankarstvo.mk