(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување
Претседателот на СДСМ, Ковачевски на настанот по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори: „Нема откажување од иднината “во Музејот на современа уметност во Скопје, кажа: „Убеден сум дека за 20 дена од денеска, заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија. СДСМ и Коалицијата ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука, во Македонија.“
Претседателот на СДСМ, Ковачевски подвлече: „Затоа, денеска, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори, сакам искрено и од срце да ви порачам – јас и мојот тим сме подготвени да работиме ден и ноќ за да изградиме држава со која сите ќе се гордееме. “