(Видео) Мост во Балтимор се урна како кула од карти – карго брод удри во еден од носечките столбови по што се запали и потона

Мостот „Френсис Скот“ во Балтимор падна како кула од карти. Беше погоден во „срце“, во еден од неговите носечки столбови се заби карго бродот „Дали“, еден час откако исплови за Шри Ланка, кој веднаш се запали и потона. Со него и товарот, во студените води на реката Патапско завршија и 20 работници по кои се трага, но и возила кои во моментот на несреќата се затекнале на мостот.

Пожарникарската служба во Балтгимор веднаш постапи по протокол за „настан со потенцијално масовни жртви“. Местото го надлетуваат хеликоптери, во спасувачките операции се вклучени и припадници на американската крајбрежна стража, како и тим на нуркачи. Температурата на водата во реката -1 степен Целзиусов, а како дополнителен проблем во потрагата по преживеани се посочува и ограничената видливост.

„Дали“ пристигна во Балтимор во понеделникот од Норфолк, беше натоварен со контејнери чија наредна дестинација беше Коломбо, каде се очекувапе на 27 април. Бродот, кој пловеше под знамето на Сингапур, беше долг 300 метри, широк 50 и изграден беше пред пет години.

Мостот беше изграден во 1977 година. Покрај спасувачките операции и обидите за спасување на човечки животи, јавноста во САД чека одговори и на дилемите дали се почитувани сите протоколи. Законот вели дека сите невоени пловни објекти кои влегуваат и излегуваат од заливот Чесапик мора да имаат локален експерт кој ја познава плимата и осеката.

Индидент од далеку помали размери се случи и во 2022 година, кога во залиувот се насука контејнерски брод. Истрагата во случајот утврди вина кај кормиларите за кои беше изречена забрана за користење на мобилни телефони додека управуваат со бродовите.

Related post