ВМРО-ДПМНЕ: Стратум кој доби пари од Фондот за иновации, сега пред избори мести анкети за СДСМ
Анкетата покажа дека вкупно 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ
„Стратум Рид е истата компанија која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации. Сега истата компанија која доби пари од власта, пред избори мести анкети за СДСМ. Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека во прилог на тоа оди што и управителката на Стратум, Весна Кузмановиќ, е соработничка на премиерот Зоран Заев, за што до медиумите испратија и фотографии од нивна заедничка средба.