СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите

Сите анкети од релевантни институции спроведени во изминатите неколку месеци покажуваат дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ужива најголемата доверба кај граѓаните.

Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво.

Со тоа се потврдува дека СДСМ и „Најдоброто” се фаворити и убедливи победници на претстојните локални избори.

Граѓаните прават разлика помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа анкета, како и останатите анкети на релевантните Брима, ИРИ и други релевантни агенции и институти потврдува дека граѓаните не сакаат ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски да ги враќа назад во темното минато и даваат поддршка на концептот на СДСМ кој води напред.

Бадијала се сите оправдувања и барањето алиби на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо не ги спасува од седми изборен пораз.едовербата која граѓаните редовно им ја покажуваат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Related post