Во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, се одржа настан по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

На настанот, поздравен говор имаа Заменик министерот, г-нот Џабир Доко, Директорот на Управата за развој и унапаредување на образованието на јазиците на припадниците на заеднците, г-нот Драган Угреновиќ и г-ѓа Елвира Јашар, помлад референт.
Гости на настанот беа учениците од О.О.У ‘’Браќа Рамиз и Хамид’’- Скопје, активисти на Здружението ‘’ Романо ило’’ придружени од кореографот г-нот Сабит Демир, а кратко излагање за потеклото и историјата како и за традицијата и обичаите на Ромите имаше М-р Даниел Петровски – анторполог и фолкорист.
Заменик министерот и директорот на Управата упатија честитки до присутните и целокупната ромска заедница, по повод Меѓународниот ден на Ромите, со желби за просперитет и реализирање на своите права.

Related post