Вреди: В понеделник митинг на „Скендербег“, за плоштад „Македонија“ молчат од Град Скопје

Поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот „Македонија“ во Скопје, за сите да видат што значи извонреден митинг, изразен со слободна волја и без притисоци, но и да види корумпираната власт во бегство што значи народна поддршка која тие одамна ја немаат, кажаа на прес-конференција претставници на опозициската коалиција Вреди.

На новинарите им беше кажано дека од Град Скопје до денеска нема никаков одговор, а тоа, како што беше оценето, значи негативен одговорот од градоначалничката Данела Арсовска, интегративецот Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција.

Тие се во паника и се обидуваат да ја спречат коалицијата Вреди да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните, беше нагласено и порачано дека секој одговор што можеби ќе дојде во понеделник ќе биде задоцнет и тенденциозен поради краткото време за организирање.

„Ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател никаде на друго место освен овде, на нашиот плоштад, во понеделник во 20.30 часот на плоштадот што го носи името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриот Скендербег и да ја најавиме победата на коалицијата“, кажаа од Вреди на прес-конференцијата.

Related post