Време е за бараж: Македонија сака да ги избегне европските прваци

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево ќе ги добие ривалите во баражот за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Желба е да се избегнат најдобрите европски селекции, последните два европски шампиони.

Резултатите посакаа Португалија и Италија да се најдат на вторите места во групите и така да завршат во баражот. Тие ќе бидат меѓу носителите и не се посакувани во групата на „рисовите“ во борбата за Мундијал. Меѓу носителите ќе бидат уште Русија, Шкотска, Шведска и Велс, а во групата на Македонија ќе се најдат вкупно две од овие селекции.

Покрај Македонија, во шеширот на неносители се наоѓаат уште Австрија, Турција, Украина, Полска и Чешка. Од тука, Македонија ќе има еден можен ривал, но само во финалето.

На ждрепката екипите ќе се поделат во три групи со по четири репрезентации. Две ќе бидат од носителите, уште две од неносителите. Ќе се играат две полуфиналиња, во кои домаќини ќе бидат носителите. Победниците патуваат во финалето и ќе се борат за „виза“ во Катар.

Вкупно три селекции ќе одат на СП 2022, може ли Македонија да биде една од нив? Ждрепката за баражот е со почеток од 17:00 часот.

Related post