Германија: На сила стапува новиот закон за државјанство

Германскиот бордо пасош со орел е популарен. Не е ни чудо – германските граѓани уживаат речиси неограничена слобода на патување, можат да живеат и работат низ цела ЕУ, да соодлучуваат во политичките одлуки и слободно да ја изберат својата професија.

Патот до добивање германски пасош сега е поедноставен. Новиот закон за државјанство во Германија се применува од денеска, 27 јуни 2024 година. Многумина од дванаесетте милиони странци во Германија сега може да аплицираат за германски пасош.

1. До државјанство по брза лента

По пет години легален престој во Германија, странците можат да аплицираат за германско државјанство. Со „посебни постигнувања за интеграција“, тоа е можно дури и по три години. Имено, секој што може да покаже јазични вештини на високо ниво (Ц1, т.е. да може течно да се изразува), волонтерски ангажман или особено добри резултати на училиште или на работа, може побрзо да добие германски пасош. Досега, странците можеа да аплицираат за државјанство најрано после осум години.

Сојузната влада составена од Социјалдемократи, Зелени и Либерали, се надева дека ќе го зголеми бројот на лица кои добиле германско државјанство и на тој начин ќе создаде стимулации за побрза интеграција. Стапката на натурализација на Германија досега беше ниска во споредба со ЕУ, но неодамна се зголеми. Опозицијата од делумно десноекстремната Алтернатива за Германија (АфД) и конзервативната Унија (ЦДУ/ЦСУ) стравува дека германскиот пасош сега може да стане „евтина стока“.

Повеќе на линк

https://www.dw.com/mk/germanija-na-sila-stapuva-noviot-zakon-za-drzavjanstvo-osum-vazni-promeni-za-strancite/a-69481055?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR2m02LRgGzUJjQJnxHOLGBOUinQn7s5Uhd0OmPTPf8mLqM0NIF5-o2M0Es_aem_Oq3yE_kCFEmyd1cXDBkRkQ

Related post