До кога ќе ги чувате главите во песок?!
Зошто нема никаква реакција од кандидатот Доналд Реган, ниту пак од господинот Стево Пендаровски на уцените од Османи и Таравари? Ај што тие не реагираат на овие уцени, но уште повеќе не можам да се изначудам како може да нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од Мицкоски, ниту од Ковачевски, ниту од СДСМ. Практично се гледа дека водат ноевска политика, односно, главата е ставена во песок и на овие закани и на овие уцени никако не одговараат.
Јас јавно ги прашувам: Ќе се одважите ли некогаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а тоа е одговорот дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада, па кој сака бујрум, кој не сака нека еди надвор?
Зошто господинот Мицкоски цело време се прави дека тој кога ќе дојде на власт, тој ќе го скротел ДУИ. На ваков ли начин ќе го скротите? Што на сите овие закани вие сте ја ставиле главата како ној во песок и цело време ќутите и ништо не одговарате .Јас сакам јасно да ви покажам дека има граѓани во Република Македонија кои не се согласуваат со овие ваши политики и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од било кој дел и од било кој политички субјект, без разликадали се работи од внатре од Република Македонија, или пак тоа доаѓа од надвор!