Европската Унија и Советот на Европа организираат тематска дискусија: „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“
Во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), на 17 април 2024 година во хотелот Александар палас, ќе се одржи тематска дискусија „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“.
На настанот ќе учествуваат клучните чинител(к)и од медиумската индустрија, претставници/чки од релевантни јавни институции, граѓански организации и меѓународни партнери кои ќе бидат дел од конструктивниот дијалог и ќе ги разгледуваат можните решенија за зголемувањето на стратешките тужби против јавното учество (SLAPPs) во Северна Македонија.
Тематската дискусија ќе ја отворат:
- Олег Солдатов, Раководител на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје
- Алина Татаренко, Раководителка на Одделот за соработка и градење капацитети на тема слобода на изразување
- Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија.
Настанот е со почеток од 10.30 часот и истиот е отворен за медиуми. За пристап до некои од сесиите ќе биде потребна и новинарска легитимација.