„Европски фронт“ и „ВЛЕН“ закажаа митинзи на ист датум и на исто место
ДУИ – „Европски фронт“, и коалицијата „ВЛЕН“ најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден ( 6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово, што предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.
Од ДУИ и „Европски фронт“ вчера излегоа со соопштение, во кое се наведува дека објавувањето на датумот и местото на одржувањето на завршниот митинг на опозицијата (ВЛЕН) е ненадејно, пред два дена, откако тие една недела претходно најавувале дека и нивниот митинг ќе се одржи на истото место и на ист датум, и го карактеризираа чинот како чиста провокација.
Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираа на соопштението на „Европски фронт“, нарекувајќи ги нивните најави провокативни и измамнички, бидејќи, како што велат од ВЛЕН, тие уредно упатиле барање до општина Тетово од каде на 18 април е дадена согласност за датумот (6 мај) и местото на одржување на завршниот митинг.