Зголемување на ковид позитивни случаеви, засега нема нови мерки

Од вкупно 2.719 активни случаи со ковид , најголем број се во Скопје – 1390, а во Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. Задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост остануваат на сила.

Државата, според Комисијата, се наоѓа во зелена зона со доволно капацитети за згрижување на пациентите и не се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје вчера апелираа до граѓаните кои користат јавен превоз да се придржуваат кон препораките за заштита од Ковид-19, односно да носат заштитна маска во автобус. Посочија дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

Досега во земјата се направени 2.098.561 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, а на починати 9.339.

Related post