Изложба во МСУ за борбата на Ромите против предрасудите и стереотипите за нив

Во Европа и во Македонија за Ромите постојат предрасуди дека се сиромашни, питачи и безкуќници.

Против овие предрасуди се бориме со уметност, вели Мустафа Асан, кокуратор на изложбата „ Сѐ што ни е заедничко“, која вечерва беше отворена во Музејот на современа уметност.

Асан е и дел од Рома Џемсејшн АРТ Колективот од Цирих, кој на изложбата се претстави со плакати.

„Се работи како прво за видливост на на ромската култура, на ромската уметност, на ромскиот јазик. Како второ, целта ни е преку уметноста да ги прекршиме стереотипите и предрасудите. И како трето бараме во секоја земја во Европа да има ромски музеј, галерија, библиотека и архив“ – изјави за Телма, Мустафа Асан.

„Кога се сретнавме во 2013-тата, сите бевме јасни околу тоа дека е потребно уметноста на Ромите да ја збогати сцената. Да стане дел од неа“ – вели Мо Диенер, уметница во Рома Џемсејшн АРТ Колектив.

На изложбата се застапени дела во различни медиуми, работени од домашни и уметници од Европа.

А, посетителите низ изложбата ги водеше кустосот Бојана Јанева.

„И оваа изложба „ Сѐ што ни е заедничко“ петта по ред“, како и претходните е изложба која претставува уметници што работат ангажирана, активистичка уметност, каде што пораката е најважна. Односно зборуваат за проблеми што не допираат сите во нашите нови, капиталистички општества“ – вели Бојана Јанева, водич низ изложбата.

Изложбата е во рамките на 14 Европско номадско биенале за современа уметност-Манифеста. А, за јавноста ќе биде отворена до 20 февруари,  следната година.

https://telma.com.mk/2022/11/08/izlozhba-vo-msu-za-borbata-na-romite-protiv-predrasudite-i-stereotipite-za-niv/

Related post