Кафе направено од вештачка интелигенција – новитет во Финска

Вештачката интелигенција се наметна во уште едно поле на човековата активност, создавањето идеална мешавина на кафе за финскиот бренд и пржилница „Кафа Роустери“ од Хелсинки.

Кафето наречено „ВИ-коник“ е создадено кога Анти Мерилехто, основачот на финската компанија „Елев консалтинг“ и долгогодишен потрошувач на „Кафа Роустеру“, дошол до идеја да користи вештачка интелигенција за да создаде нова мешавина. Оваа идеја им ја кажал на челниците на брендот, кои веднаш се заинтересирале и почнале да ја спроведуваат заедно со него.

Користејќи големи јазични модели за кои велат дека се слични на „Чет-ГПТ“ и „Копилот“, „Елев“ и „Кафа“ побарале од вештачката интелигенција да измеша кафе во кое доминира бразилската сорта „фазенда пинал“, по што вештачката интелигенција создала мешавина од четири зрна кои проценила дека најдобро би одговарале на вкусот на љубителите на кафе во Финска, земјата која троши најмногу кафе (12 кг) по глава на жител годишно во светот.

„Ви-коник“ содржи сорти на зрна од четири земји, и тоа Бразил, „фазенда пинал“: 40%, Етиопија, „герука“: 10%, Колумбија, „сан лоренцо“: 25% и Гватемала, „ла болса“: 25%.

Пред објавувањето, од „Кафа“ спровеле тест меѓу експертите и нивните клиенти кои се согласиле дека „ВИ-коник“ е најдоброто кафе што некогаш го пробале.

Related post