Ковачевски отфрла можност за бојкот – „обвинувањата на Мицкоски се неточни, повикуваме на масовност на изборите

Ковачевски ги отфрла сите обвиненија од шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека има било какви сценарија за бојкотирање на вториот круг на претседателските избори. Вели дека за првиот круг ја примил пораката од граѓаните и ги повика на масовна излезност во вториот круг.

Тоа е неточно. Јас вчера имав многу јасна порака и на митингот кој што го имав во Сарај и на митингот кој што го имав во Чучер Сандево и сега ќе повторам тука. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата за европска иднина на парламентарните избори. Затоа очекуваме многу поголема поддршка во вториот круг, ние ја примивме пораката во првиот круг на претседателските избори за сите грешки кои што беа направени во текот на изминатите 7 години“, порача Димитар Ковачевски.

Мицкоски на вчерашниот митинг во Кичево рече дека СДСМ подготвува црни сценарија и тоа бојкот на изборите со што не би се постигнал потребниот цензус, како и понуди кон ДУИ а за возврат да им дадат поддршка на изборите.

И двете, морам да кажам се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезеност и масовност на овие избори. Второто сценарио е играње со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, вели Христијан Мицкоски.

Ако се погледнат резултатите од гласањето се гледа дека СДСМ на овие избори е во голем минус.  Дали ова ќе го донесе Ковачевски во позиција да си поднесе оставка доколку и во вториот круг  ги изгуби изборите. Ковачевски рече дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи.

Во однос на одговорноста после секои избори, кај нас во Статутот е јасно регулирано одржување на отчетен конгрес на кој што се прави анализа на резултатите и потоа и потоа избори на кои што се бара изјаснување во однос и на претседателот на партијата и во однос на сите други органи на партијата вклучително и на Централниот одбор“, вели Димитар Ковачевски.

Мицкоски уште на самиот ден на изборите отворено кажа дека има разговори со албанската опозиција. Иако не посочи конкретно со кого разговарал и Ковачевски вели дека и тој има контакти и разговори со други партии.

Related post