Колку долго коронавирусот живее на телефоните и колку е тоа опасно?

Денес практично и да нема човек што не користи телефон, па со самото допирање на телефонот со рацете и неговото допирање до нашето лице, се зголемува шансата за заразување.

PhoneArena, повикувајќи се на истражувањето објавено во The New England Journal of Medicine – односно во британскиот медицински магазин открива кои се ризиците доколку заразеното лице држело уред со рацете.

Со самото држење на телефонот од страна на лице кое е преносител на вирусот, тоа не мора да значи дека се оставени врз уредот траги од честичките. Но, доколку лицето претходно ја допрело устата, носот или очите, или имало кивање или кашлање во близина на уредот, тоа значи дека уредот бил екстремно изложе на вирусот и на тој начин огромна е можноста вирусот да се прошири понатаму.

Со оглед на тоа што подолу ќе можете да видите колку коронавирусот може да опстане на различни површини, уште еднаш апелираме редовно да спроведувате хигиена на сите ваши уреди. Тоа најдобро можете да го направите со дезинфекциски влажни марамчиња.

Колку коронавирусот може да се задржи на површини:

– До три дена на стакло (екран на телефон, заден дел од телефонот), керамика

– До пет дена на пластика (различни делови од телефонот)

– До четири дена на дрво (дрвото може да го најдете кај некои заштитни маски за телефони)

– Помалку од осум часа на латекс (овој материјал ретко се користи кај телефоните)

– Два до осум часа на алуминиум (материјал присутен речиси кај сите телефони)

– До 13 часа на челик (телефоните на Apple користат челик)

 

Source: kurir.mk


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime