Митинг на ДУИ во Скопје: Османи е кандидат на 9 политички партии и на четири заедници
На плоштадот се собраа голем број поддржувачи на ДУИ и на Бујар Османи за претседателски кандидат.
На Плоштадот во Скопје, се одржува митингот на коалицијата на ДУИ, Европски фронтПретседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи, порача дека постојат реални шанси да помине во вториот круг како кандидат Албанец, бидејќи како што рече, тој е кандидатна девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми.
Митинг на ДУИ
На плоштадот се собраа голем број поддржувачи на ДУИ и на Бујар Османи за претседателски кандидат.
На митингот се вееја знамиња на повеќе држави.