Николовска: Платформата на ВМРО-ДПМНЕ е од минатиот век полна лажни ветувања
„Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања. Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања“., рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени. Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, рече пратеничкатга на СДСМ.