Од утре старт на кампањата за парламентарните избори

Утре започнува кампањата за парламентарните избори. Во трка за пратеничко место во собранието се 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 изборни единици. Поднесена е и листа од група избирачи, Ѓула Челику, која влез во парламентот ќе бара само преку шестата изборна единица.

Со измените на Изборниот законик, на гласачкото ливче од број еден до број седум, редоследот на коалициите и на партиите е ист како за претседателските избори.

И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство не се пријавиле доволно гласачи, македонски државјани.

Претставници на подносителите на листи за кандидати за пратеници во Собранието денеска напладне во Кристалната сала на законодавниот дом, ќе потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми мај.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post