#NVO #Oglasi #Roma ki MK

„Пари“ – ОД ТРГОВИЈА СО ОТПАД ДО ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАДОЛЕД: Во Шуто Оризари се прават милиони евра

Порталот Пари ги анализира податоците од БизнисМрежа, и во 2024 година вкупниот приход на топ 10-те компании регистрирани во Шуто Оризари достигнува 42,7 милиони евра, што е раст од 6,48 насто во однос на 2023 година. Но, уште повпечатлив е растот на добивките ‒ од 3 на 4,1 милион евра, што е зголемување од 36,67 насто. Иако бројот на вработени се движи во мали рамки, тој исто така бележи позитивен тренд – од 505 на 518 лица, односно раст од 2,57 насто.

Кои компании носат милиони во Шуто Оризари?

Првите шест компании во Шуто Оризари остваруваат приходи што се мерат во милиони евра, додека останатите четири сè уште работат со промет во рамки од неколку стотици илјади евра.

На врвот од листата и годинава е Жито Лукс, компанија за производство на леб и печива, со приход од 20,5 милиони евра, што е раст од 3,78 насто во споредба со 2023 година. Како најголем производствен капацитет во општината, со над 330 вработени, таа останува најзначаен економски столб во Шуто Оризари.

Зад неа е АСД Метал Груп, фирма што се занимава со трговија на големо со отпадоци и остатоци. Во 2024 година остварува 7,5 милиони евра промет, што е раст од 21,78 насто. Компанијата е еден од примерите за тоа како високофункционални системи со мала работна сила можат да генерираат значителен промет.

Трета е Нехо Исни, позната по производство на сладолед и други производи од мраз. Компанијата бележи силен раст во приход ‒ 6,3 милиони евра во 2024 година, што е раст од 49,43 насто во однос на 2023 година.

„Целиот текст прочитајте го тука“„Тука“

Автор на текст: Катерина Михајлова

„Пари“ – ОД ТРГОВИЈА СО ОТПАД ДО ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАДОЛЕД: Во Шуто Оризари се прават милиони евра

Šaban Saliu: Našti te šuna o jekhajekh