Почнува одбележувањето на 4 години од зачленувањето во НАТО

Евро-атлантските аспирации на Македонија почнаа по осамостојувањето. Патот за членство во НАТО траеше речиси три децении, а македонската Армија претходно ги исполни сите критериуми и учествуваше во меѓународни мисии предводени од Алијансата.

Главен проблем за зачленувањето беше спорот со Грција и непризнавањето на тогашното уставно име Република Македонија. Спорот беше решен со Преспанскиот договор со кој беше сменето уставното име во Република Северна Македонија.

Откако сите држави членки на НАТО во националните парламенти го ратификуваа договорот, државата стана и официјална членка на НАТО на 27-ми март 2020-тата година.

Македонија како земја сојузник ги продолжи активностите со партнерите од НАТО, кои значително се зголемија со руската агресија.

По подолг период, Македонија оваа година ќе ја исполни и обврската за вложување во одбраната од 2% од БДП…

Related post