Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Коалицијата „Храбро за Македонија“ вечерва на митинг во скопската населба Шуто Оризари вети дека ќе се залага и Ромите да имаат убав и квалитетен живот, здравство и образование. Лидерот на ИНТЕГРА и носител во ИЕ2 на колаицијата, Љупчо Ристовски кажа доколку Симбат Емин кој е трет на листата стане пратеник односно зборува од македонскиот парламент, „тоа би имало големо влијание не само за ромската заедница туку за сите маргинализирани заедници кои се поттурнувани од државата на страна, товарени со бреме, со извршители, да не можат да остварат еден квалитет живот, да се плашат дали денеска денот ќе го поминат со тие сто денари што им останале во џ

„Не донесоа да сиромаштијата во Македонија биде не само галопирачка брзорастечка, огромен број на население не само Роми туку голем број Макдонци и други се донесени на работ на сиромаштијата со овие 32 години погубни политики, те на едните, те на другите, а тие си ги товарија магарињата. Сега имаме шанса. Самка донесе за мене историска одлука да влезе партнерски во коалиција со ГРОМ и со ИНТЕГРА во „Коалиција Храбро за Македонија“ и тоа навистина храбар потег, тој застана рамо до рамо со неговата партија во моменти кога македонскиот идентитет е под агресија од сите страни, и од говорница јавно говори ние Ромите застануваме рамо до рамо со македонскиот народ во неговата борба да го сочува својот идентитет, историја и култура.

Симбат има објективна шанса да стане пратеник, Самка има објективна шанса да стане пратеник, веќе со двајца Роми во македонскиот парламент веќе и Бадентер принципот ќе им го загрозиме на Албанците и на нивните екстремизми овде. Затоа внимавајте, тие ќе се обидат да ве албанизираат, затоа ДУИ е во Шутка, ќе се обидат да ви ветуваат се и сешто, но немојте да верувате на лагата, верувајте на тој што ви вели да бидете свои на своето. Затоа сме во коалиција со Самка и со чист образ велиме дека го обновуваме Крушевскиот манифест кога сите заедно застанаа рамо до рамо за слобода прво, а потоа и за своја држава, а денес да застанеме рамо до рамо за квалитетен живот за сите вас, за сите нас, рече Љупчо Ристовски во Шуто Оризари.

„Овие златни дечиња заслужуваат да имаат одлично образование, се ќе сториме да имаат одлично образование, ако станеме фактор во власта, зошто само образовани деца може да имаат квалитетен живот, ќе направиме се да имаат квалитетно здравство, да не се молат по ходници и пријатели, да имате убаво уредени дворови и куќи, се ќе направиме што е во наша моќ, не можеме да ја заборавиме таа добрина која сега во кампањата ја прават, зашто на доброто со добро се враќа“, рече тој.

„Затоа на 24 април дадете го вашиот глас за нашиот кандидат Стевчо Јакимовски за претседател , и тогаш и на 8 мај заокружете број 3, со тоа правите се за своите семејства, за себеси, едноставно го давате најдоброто за своите семејства, сите заслужуваат да живеат квалитетно и сите во Шуто Оризари заслужуваат да имаат убав и квалитет живот, убаво здравство, убаво образование, гласајте за број 3, ако бидеме фактор на власта во секоја стратегија ќе го имаме и ромското прашање, порача Ристовски.

Related post