Ромите со мотокултиватори протестираа против Максим Димитриевски (ВИДЕО

Ромите во Куманово денеска излегоа на протест пред општината откако во една од ТВ дебатите независниот кандидат и сѐ уште актуелен градоначалник Максим Димитриевски најави отстранување на мотокултиваторите од сообраќајот.

Димитриевски тогаш рече дека Министерството за внатрешни работи не ги исклучува овие возила од собораќај, иако тие се неригистрирани, закана се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а дополнтелно со нив се создаваат диви депонии во градот бидејќи се користат за транспорт на смет. На ова остро реагираше денеска ромската заедница, која со мотокултиватори се упати низ центарот на градот и пристигна до општината.

– Протестираме во врска со бившиот градоначалник Максим Димитриевски. Ни кажаа на социјални мрежи и на вести дека ќе ни ги прекине работите со мотокултиватори, а ние од каде да живееме, ако не работиме со култиватори, не може да ни ги сопре тие работи. Нашите деца сакаат да јадат и пијат, рече еден од протестантите. Како што велат, нивните барања е да работат како што треба и да живеат како претходно. Велат дека не се вмешани во партии.

– Ние не сме од партија, ние сме нормални граѓани како и сите други. Овие луѓе што живеат, со мотокултиватор работат, имаат деца, околу 100 фамилии, не сме вмешани во партии, он нека си прави што сака, нека не пушти да си живееме, бараме ослободување и да живееме како што сме живееле, вели друг.

– Пуштале во телевизор, ние собираме пластика, он како знае, добро ја знае нашата ситуација, не само ромска, туку и шиптарска, само бараме слобода, ништо друго, да не ослободи, вели трет.

– Димитриевски ако е способен нека ни ги вработува сите овие луѓе. Ние парче леб заработуваме како што треба, ние не крадеме, значи и тоа сакаат да ни го земат. Ние немаме врска со претставници, ние не сме вмешани во политика, немаме појма од политика, велат тие. Велат дека ќе бараат средба со градоначалник Димитриевски, кој повикал претставник да се качи во општинските простории на разговор, но никој од нив не сакал да се појави.

 

На протестот се појави и противкандидатот на Димитриевски од редовите на СДСМ Оливер Илиевски, кој вети дека нема да им забрани да работат ако тој биде градоначалник

https://kumanovskimuabeti.mk/romite-so-motokultivatori-protestiraa-protiv-maksim-dimitrievski-video/

Related post