#Konkursija #NEVIPE #NVO #Oglasi

Ромскиот Ресурсен Центар објавува повик за доделување на мали грантови за промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки

Програма за промоција на социјалното претприемништво за млади жени Ромки во Северна Македонија

                                                                    Мали грантови за

Ромски, про-ромски и младински граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопјe, во соработка со Здружението „Иницијатива за правата на жените“ од Шуто Оризари, Симплексис од Грција и DIESIS Network од Брисел, преку проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ“ објавува:

                                                     ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

 За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и промоција на социјалното претприемништво и вработувањето на ромската заедница со фокус на младите жени Ромки десет (10) општини во Република Северна Македонија.

Оваа грантова шема се имплементира во рамките на проектот Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ. Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија.

Во рамките на овој повик ќе се поддржат најмалку 8 проекти. Износот кој ќе се додели во рамките на овој повик е 88,000 ЕУР, со што ќе бидат поддржани проекти со буџети кои се во износ од 9,000 ЕУР до 11,000 ЕУР.

Приоритетите на овој повик за предлози се:

  • Приоритет 1: Зајакнување на улогата на ромските и младинските организации и организациите на граѓанското општество кои работат на вклучување на Ромите на пазарот на трудот преку пилотирање на различни модели на социјално претприемништво;
  • Приоритет 2: Зголемување на можностите за вклучување на жените Ромки на пазарот на трудот преку промоција на социјалното претприемништво.

Водичот заедно со формуларите за аплицирање може да се превземе тука.

Водич за апликaнти_под-грантови_Романсе

Анекс 1_Формулар за аплицирање

Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант

Анекс 3-Мандат-Ко-апликант

Анекс 4_Предлог буџет формулар

Анекс 5_Логичка Рамка

Анекс 6-declaration-on-honour-on-exclusion-and-selection

Анекс 7_Бизнис канвас_пример

Анекс 8_Кратко резиме на англиски

Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 02 април 2026, до 17:00 часот.

За промоција и соодветно споделување на повикот до што е можно повеќе заинтересирани организации, ќе се организираат информативни средби со физичко присуство и онлине, согласно планот за инфо сесии подоле:

Инфо сесијаЛокацијаДатум и време
Прва национална информативна средбаСкопје

Во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар

Адреса: ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000

06 март 2026

Со почеток од 11:00 часот

Втора информативна средбаOnline

ZOOM платформа

16 март 2026

Со почеток од 10:00 часот

Трета информативна средбаOnline

ZOOM платформа

18 март 2026

Со почеток од 10:00 часот

Линк за пристап до онлине инфо сесиите: https://us06web.zoom.us/meeting/register/dueQOzHAQeiHSmkuSN28ng

Покрај инфо сесиите, со цел да се помогне на помалите grass root организации, за време на онлине настаните, проектниот тим ќе овозможи и мал тренинг со кратко упатство и клучни совети за полесно пополнување на проектните апликации.

Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат од следните веб страни: www.rrc.org.mkwww.symplexis.euwww.zenisutoorizari.org.mkwww.diesis.coop/https://romanse.mk/.

За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romanse_sub-grants@rrc.org.mk, најдоцна до 20 март 2026, до 17:00 часот.