Стевчо Јакимовски гласаше во Карпош
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски по гласањето во Карпош (ОУ Владо Тасевски), во изјава за медиумите рече дека на овие претседателски избори се гласа за наш претседател истакнувајќи ја важноста на АСНОМ како темел на современата македонска држава.
Јакимовски ја укажа на одговорноста на сите за тоа каква држава имаме и ги повика гласачите да го дадат својот глас за оној за кого мислат дека ќе биде најдобар претседател на државата.