Утре се отвора трговскиот центар „Ист Гејт“

После долги најави, новиот трговски центар и комплекс „Ист Гејт“ за јавноста се отвора утре, 29 октомври.

Ова место обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории –  почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Ист Гејт Мол се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Шопинг искуство е засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани, а модерно опремените кина ќе овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини.

Related post