„Храбро за Македонија“: Повисок стандард и заштита на работничките права
Подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25.000 денари, вети денес носителот на ИЕ5, Самка Ибраимоски, од коалицијата „Храбро за Македонија“.
Носителот на ИЕ5 од коалицијата „Храбро за Македонија“, Самка Ибраимоски денес на средби со охриѓани. Тој вети подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25.000 денари. Голем број социјални мерки меѓу кои надоместок од 18.000 ден за секое полнолетно работонеспособно лице.
Од коалицијата „Храбро за Македонија“ ветуваат и поддршка за лицата со физичка и ментална попреченост преку згрижување, образование и вработување.
Спречување на мобингот на работа, притисокот од извршители и нотари
„Работниците станаа и сакаат да им се подобри стандардот во животот затоа ние како „Храбро за Македонија“ нудиме седум евра сатница што е значајно за денешниот ден и тоа работниците треба да го слушнат дека седум евра час бруто, а нето околу 644 евра ќе биде минималната плата“, рече Самка Ибраимоски, носител на ИЕ5, од „Храбро за Македонија“.
За подобрување на работничките права, за спречување на мобингот на работа, притисокот од извршители и нотари зборуваше активистката, воедно кандидат за пратеник Ана Глигорова.
„Дојдовме во Охрид со нашата петиција Стоп за извршители, Стоп за брзи кредити, која е доста добра до сега имаме 2000 потписи. Секако дека работниците се најзагрозени бидејќи една третина од работничката плата е огромна сум“, изјави Ана Глигорова, кандидат за пратеник.
Подобрување на квалитетот на животот на пензионерите
Претседателот на ИНТЕГРА и носител во ИЕ2 на „Коалицијата Храбро“ за Македонија, Љупчо Ристовски, ја образложи пензиската изборна платформа и најави бројни идеи за подобрување на квалитетот на животот на пензионерите. Ристовски вети дека ќе се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзорастечката сиромаштија со конкретни мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус.
https://play.mrt.com.mk/play/572981