Јавен повик за курс/обука за палијативен негувател

Подобрување на услугите во палијативната нега преку унапредување на вештините на млади Роми и нивно вработување во време на КОВИД 19″

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје во партнерство со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје за потребите на проектот “Подобрување на услугите во палијативната нега преку унапредување на вештините на млади Роми и нивно вработување во време на КОВИД 19“ објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.1/2021

За пријавување на заинтересирани 30 млади Роми за учество на курс/обука  за палијативен негувател.

Позадина на проектот:

Проектот „Подобрување на услугите во палијативната нега преку унапредување на вештините на млади Роми и нивно вработување во време на КОВИД 19“ е дизајниран да  придонесе кон подобрување на услугите за палијативните пациенти во рамките на Специјализираната болница за геријатриска палијативна медицина “13 Ноември“ во време на КОВИД 19. За таа цел проектот е насочен на мобилизација на заинтересирани млади кои ќе бидат соодветно обучени според развиена програма за палијативен негувател, профил кој е потребен на самата болница. Од друга страна проектот има за цел економско зајакнување на најмалку 30 млади лица од ромската заедница преку нивно вклучување во програма за палијативни негуватели, и можност за вработување на 20% од најуспешните кандидати од обуката/курсот.

Проектот финансиски е поддржан од Генерален секретаријата на Владата на Република Северна Македонија.

Проектот со имплементација почна на 01 август 2021 и ќе трае до фебруари 2022 година. Проектот се имплементира на ниво на град Скопје.

Обуката/курсот ќе се реализира во рамките на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Проектот е имплементиран од страна на Здружението на граѓани за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ во партнерство со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ

Право да се пријават на курсот/обуката имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Да имаат завршено средно образование во Република Северна Македонија;
  2. Да се државјани на Република Северна Македонија;
  3. Дополнителна предност (вклучувајќи ги сите горенаведени критериуми) ќе имаат кандидатите кои се припадници на ромската заедница.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КАНДИТАТИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. Да се мотивирани за работа со стари лица;
  2. Да имаат високо ниво на хуманост поради природата на работата;
  3. Да поседуваат вештини за тимска работа;
  4. Да бидат спремни да инвестираат во својот личен развој;
  5. Да имаат развиени организациски способности;
  6. Да имаат високо ниво на одговорност;
  7. Да почитуваат рокови.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:  

  1. Пријава за курс/обука за палијативен негувател (пријавата е прикачена тука пријава);
  2. Професионална биографија (CV);
  3. Копија од диплома за завршено средно образование;
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата.

НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: 

Краен рок за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 28.09.2021 година.

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: info@rrc.org.mk  или по пошта на следната адреса:

Ул. „Вашингтонска“ бр. 41 општина Шуто Оризари, 1000 Скопје

НВО Ромски Ресурсен Центар

 

Лица за контакт:

Себихан Демировски, 075 211 247 – Менаџер на проектот;

Сунита Сулејмановиќ, 078 524 057 – Асистент на проектот;

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Related post