Јакимовски од Кичево: Партизацијата е рак-рана на македонското општество
Без добро образование би биле куќа без темел кој може да се сруши при најмал потрес. Ако немаме добро образование нема да имаме ни добри граѓани, стопанство и наука – порача од Кичево, претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Граѓаните заслужуваат и подобри здравствени услуги во 21 век од оние кои ги добиваат. Мора да се спречи егзодусот на лекарите за да не нè лекуваат надрилекари – вели Јакимовски.
Јакимовски вети достоен живот и поголема социјална правда. Истакна дека во општина Карпош воспоставил ред, обезбедил пари, се гради и поради тоа се разликува од сите други општини.
Тој ја гледа Македонија во ЕУ, но без уцени и под услов до 2030-та да бидеме интегрирани.