АВАЈА:Основниот Кривичен Суд Скопје за случајот полициска бруталност Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен е минимална казна според членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години

Од граѓанската иницијатива Аваја наведуваат дека казната која ја има донесено
Основниот Кривичен Суд Скопје за случајот полициска бруталност Битола со која
обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен е минимална казна според
членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години

– Основниот Кривичен Суд Скопје донесе пресуда за случајот полициска бруталност
Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на
казна затвор од една година. При одмерувањето на казната во пресудата е наведено дека
судот ги зел во предвид степенот на кривична одговорност, побудите од кои е сторено
кривичното дело, јачината на загрозување и повредата на заштитеното добро како и
зачестеноста на ваков вид на кривично дело. Наведуваме дека оваа казна е минимална
казна според членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години.
Самата казна би била и поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на
жртвата. Наведуваме дека полициската бруталност кон ромската заедница е проблем кој
не е нов, меѓутоа оваа пресуда е прва пресуда која ја осудува полициската бруталност со
казна затвор. Пресудата треба да претставува основа за казнување општо на полициската
бруталност во нашата држава.

Воедно, истакнуваме загриженост во однос на протестот којшто се организираше во
Битола на 13 ноември 2021 бидејќи според Полицискиот Кодекс полицијата треба да ги
почитува сите одлуки донесени од страна на судовите. Полицијата како институција треба
да се грижи за безбедноста на граѓаните, а не да организира протести на којшто се шири
говор на омраза кон ромската заедница. Загриженоста ја истакнуваме бидејќи побудите
за организирање на протестот пред сè се однесуваат на тоа дека полицискиот службеник
добил казна затвор од 1 година поради употреба на прекумерна сила врз Ром.

Таквиот наратив беше и споделуван од страна на медиумите со што се оформува јавно мислење
дека казна затвор не треба да се пресудува ако лицето е припадник на ромската
заедница. Станува збор за деградирање на заедницата, вршење на непотребни споредби
со други случаеви и политизирање на пресудата.

Во наредниот период очекуваме ОЈО да го започне процесот по поднесената кривична
кријава од 05.11.2020 година каде како жртви се јавуваат сите 5 лица под сомнение дека
се сторени следните кривични дела – Малтретирање и друго сурово, нечовечко или
понижувачко постапување и казнување од член 142 од КЗ, кривично дело Малтретирање
во вршење на службата од член 143 од КЗ, кривично дело Непријавување кривично дело
или сторител од член 364 ст.1 од КЗ и кривично дело расна и друга дискриминација од
член 147 ст.1 од КЗ сторени од страна на тројца полициски службеници, велат од Аваја.

Related post