November 14, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Ахмети: Касами да го фрли белиот пешкир во рингот, на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње истакна дека претходно го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за како што истакна да не добие класичен нокаут. Според него лидерите од здружените албански партии кои настапуваат под името „ВРЕДИ“ се 20 години на власт и според него […]

FacebookXWhatsApp

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње истакна дека претходно го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за како што истакна да не добие класичен нокаут.

Според него лидерите од здружените албански партии кои настапуваат под името „ВРЕДИ“ се 20 години на власт и според него тие не се во опозиција.

„Без да сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија, кои велат дека се опозиција, но сите се на власт 20 години, тие не се опозиција, да бидеме искрени“, рече Ахмети.