October 8, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Кастриот Реџепи: Одлучив да не учествувам на собраниската седница

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи  на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да не учествува на собраниската седница за гласање на доверба на Владата. „Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот […]

FacebookXWhatsApp

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи  на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да не учествува на собраниската седница за гласање на доверба на Владата.

„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.