Партијата за демократски просперитет на Ромите го претстави кандидатот за советник од коалицијата „Најдоброто за Делчево“
Партијата за демократски просперитет на Ромите на прес-конференција гo претстави кандидатот од оваа партија која на Советничката листа е дел од коалицијата „Најдоброто за Делчево“. Кандидатот за советник од оваа партија Зекир Абдулов истакна дека како иден советник подеднакво ќе ги застапува интересите на граѓаните на Делчево. -Јас Зекир Абдулов како долгогодишен соработник во граѓанскиот […]

-Јас Зекир Абдулов како долгогодишен соработник во граѓанскиот сектор сакам да истакнам дека зад себе имам над 60 успешно реализирани проекти во оваа област, а како кандидат од коалицијата Најдоброто за Делчево и член од Партијата за демократски просперитет подеднакво ќе ги застапувам интересите на сите граѓани на Општина Делчево. Посебно ќе се залагам за интересите на ромската заедница заради нејзина поширока социјална инклузија, рече Абдулов.
-Искористетете го правото за да гласате за број 12, каде и јас сум претставник на Партијата за демократски просперитет на Ромите. Тоа е број на победничката коалиција, број на вашиот сегашен и иден градоначалник Горан Трајковски, рече Абдулов.



