Јакимовски: Ромите во мене имаат пријател, со сите етнички заедници да го победиме црно-белото зло

„Денеска на Меѓународниот ден на Ромите сум заедно со моите сограѓани Роми од Кичево. Ромите се дел од македонското мултикултурно општество, дел од мозаикот на етноси што ја краси нашата држава.Но за жал, некои политички субјекти сѐ уште ги гледаат Ромите како лесно поткупливи гласачи и на нив се сеќаваат само на денот на изборите“, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска во Кичево каде имаше средби со граѓани.

Си заминуваат и Македонците и Албанците и Ромите и Власите и Турците, Србите, Бошњаците, си замнуваат затоа што не сакаат да живеат во несредена држава, во држава со беззаконие и масовна партизација на секој еден сегмент од општеството.
Затоа, на 24 април сите ние имаме можност да ставиме крај на црно-белото зло што не влече назад и не ни дава надеж за подобро утре.

Денес, на Светскиот ден на Ромите, ги повикувам моите сограѓани Роми, да се приклучат кон опцијата на мојот другар Самка, да се приклучат кон лоалицијата Храбро за Македонија и со гласање за бројот 3 да го направиме првиот чекор во градењето на подобра држава за сите“, рече меѓу другото Стевчо Јакимовски.





































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































