October 8, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Ром побара Османи да ги нарекува Ромите Ашкали – Османи: За ова мора сите да се согласите

Кандидатот за претседател од редовите на Европскиот фронт Бујар Османи при средбата со граѓаните наиде на необично барање, јавува ТВ21. Граѓанин од ромската заедница го замоли Османи доколку тој стане претседател, Ромите да се викаат Ашкали, како оние во Косово. „Јас сум Ром, но многу верувам во тебе, секогаш кога те видов ти верував и […]

FacebookXWhatsApp

Кандидатот за претседател од редовите на Европскиот фронт Бујар Османи при средбата со граѓаните наиде на необично барање, јавува ТВ21.

Граѓанин од ромската заедница го замоли Османи доколку тој стане претседател, Ромите да се викаат Ашкали, како оние во Косово.

„Јас сум Ром, но многу верувам во тебе, секогаш кога те видов ти верував и ти верувам. Ти си најдобриот политичар во Македонија и верувам во тебе. Имам молба за тебе, посакувам да станеш претседател. Имам молба за вас, да побарате Ромите во Македонија да не се нарекуваат Роми, туку Ашкали, како на Косово“, рече граѓанинот.