Државата е украдена од народот, институциите се заробени и ништо не функционира – Македонија мора да се врати на граѓаните, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неговиот соперник во првата изборна единица, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека Македонија не смее да се откаже од иднината и мора да чекори напред кон Европската Унија. […]

Државата е украдена од народот, институциите се заробени и ништо не функционира – Македонија мора да се врати на граѓаните, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неговиот соперник во првата изборна единица, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека Македонија не смее да се откаже од иднината и мора да чекори напред кон Европската Унија.
Ковачевски порача дека на Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Според него, тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што треба да ја донесат граѓаните на овие избори.



