(Видео) Ибраимоски: Ќе ви покажеме како треба да работи еден пратеник!

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во ИЕ 5, Самка Ибраимоски и кандидатката за пратеник, Ана Глигорова денеска ја посетија Битола и продолжија со петицијата „Стоп за извршителите и брзите кредити“.

– Собравме илјадници потписи, огромен број луѓе се потпишаа на петицијата „Стоп за извршители“, за почитување на Законот за облигациони односи, за застарување на долгови до десет години, а исто така и против брзите кредити и таканаречените брзи пари. Презадоволни сме од одзивот на граѓаните, оваа петиција многу значи, истакна Ана Глигорова.

– Огромна е поддршката на граѓаните од петтата изборна единица за овие наши залагања, за она што ние го работиме. Разговаравме со граѓаните, кажавме што нудиме, дека Законот мора да се спроведува и тоа ќе биде првото и основно барање во Парламентот, да се спроведе Законот за извршување и Законот за облигациони односи. Кажавме дека ќе има зголемување на пензии, имаме методологија на кој начин да се направи тоа и политичките партии кои се јавуваат сега како спасители многу се во грешка. Овие двајца тука уште од 2011 година го потегнаа тоа и сè е завршено, само треба да влеземе во Парламентот и да ви кажеме како треба да работи еден пратеник. – нагласи Ибраимоски.

Related post