ЈАВЕН ПОВИК-Експерт за развивање на сценарио за изработка на два видео спови на тематика поврзана со ромската заедница.

Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„
Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5 спроведуван од АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,, Објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2025
За работен ангажман на определено време за следната позиција: 1(еден) Експерт за развивање на сценарио за изработка на два видео спови на тематика поврзана со ромската заедница.
- Позадина на проектот
Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„ е финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија
Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.
Фокус:
- Инклузија на ромската заедница во општеството
- Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
- Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите
Цели:
- Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
- Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
- Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
- Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.
1.2 Опис на работни задачи за позицијата Експерт на тема за ромски заедници
- Развивање креативна концепција за кампањата;
- Идентификација на специфичните теми што ќе бидат покриени во кампањата
- Темите ќе се фокусираат на важноста на инклузија, предизвиците со кои се соочува ромската заедница како и ставот на Ромите за интеграцијата во ЕУ – дали ако влеземе во ЕУ Ромите ќе имаат подобар живот
- Пишување на сценаријата за две видео спота;
- Создавање на пораки кои ќе ги резонираат со целната публика;
- Комуникација со тимот за визуелизација на идеите и сценаријата;
1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Oдлични аналитички и вештини за пишување
- Претходно работно искуство со продукција
- Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба
1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини на високо ниво;
- Способност за работа под притисок;
- Добро познавање на Microsoft office;
- Вештини за пишување на сценарија
1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот
Работните задачи ќе се извршуваат во канцелариите на Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија Скопје
Ангажманот на Експерт ќе биде со 6 дена.
1.6 Насоки за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:
- CV работна биографија со соодветни квалификации и повеќегодишно искуство
- Мотивационо писмо;
- Завршен степен на средно образование
Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 20.03.2025 година
Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса: rbic@t-home.mk
или по пошта на следната адреса:
ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје
Лице за контакт: Весна Димова
Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.
Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.
Скопје, 13.03.2025



















































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































