#Sport

Кина почна со изградба на најголемиот фудбалски стадион во светот

Коронавирусот за првпат се појави во Кина, но земјата ги почитуваше мерките, застана на здрави нозе и почна со изградба на најголемиот фудбалски стадион во светот.

Се работи за проект на тимот Гвангжу Евергранде, еден од најуспешните во земјата. Спектакуларниот стадион ќе има 100.000 места и уште 168 места во ВИП-ложата, а се очекува да биде готов до 2022 година.

Проектот е на Хасан Сјед, Американец кој живее во Шангај, а стадионот има облик на цвет, поточно на лотус. Целосниот проект за новиот стадион ќе чини 565 милиони евра.

Најгопемиот фудбалски стадион на светот на врвот ќе го замени „Камп Ноу“ во Барселона, чиј капацитет е 99.354 гледачи. Има и поголеми стадиони во Северна Кореја, САД и Мелбурн, но тие се мултифункционални.

Кина почна со изградба на најголемиот фудбалски стадион во светот

Sprena bashi LŠ, od erati iranelape i